„Оваа кандидатура е одговорност, но истовремено и најголема привилегија што сум ја имал во животот. Како кандидат за претседател сум предложен од коалицијата на албанската опозиција, која ќе биде апсолутен победник во албанскиот блок на изборите. Работам како лекар 26 години, мојата професија како невролог ме освести за маките на луѓето кои доаѓаат од неправеден систем. Ќе бидам поинаков, ќе бидам претседател на сите граѓани, ќе бидам претседател на народот. Времето на претседатели кои живеат во кристални палати и далеку од луѓето е завршено.“, изјави на вечерашната промотивна конвенција во Гостивар, кандидатот за претседател на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари.
Во своето обраќање тој ги повтори ставовите дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието, да се направат уставни измени и да се тргне формулацијата „20 %“.
На конвенцијата се обратија и претседателите на партиите што ја сочинуваат коалицијата, Изет Меџити на Демократско движење, Билал Касами на Беса и Африм Гаши на Алтернатива, Беќим Чоку од движењето Самоопределување, како и сопругата на Арбен Таравари, Нора Таравари.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ