Ќе ве заболи срцето од очајната порака на една мајка до крадецот: Врати ми ја само косичката на мојата мртва ќерка

Кирсти Болдвин од Велика Британија се нашла на мета на крадец кој ѝ ја украл торбицата, па јавно му се обрати да ѝ врати само една работа, која ѝ значи повеќе од сѐ.
-Се работи за прамен од косата на нејзината ќерка Ели Луис, која пред шест години ја изгубила битката со бронхијално воспаление на белите дробови, кога имала само две години. Кирсти, праменот од косичката од ќерка ѝ од тогаш го носи во торбицата, пренесува BBC.
Торбицата ѝ била украдена во ноќните часови од автомобилот, а полицајка од Манчестер, каде се случил овој немил настан, вели дека кражбата многу го потресла семејството.


Кирсти (35) го опиша крадецот како белец на возраст од 40-50 години, со долга коса собрана во пунџа, кој ја отворил совозачката врата, ја зграбил торбицата, пред таа да успее да го затвори автомобилот.
Во торбата имала таблет, поголема сума евра и мала торбичка во која бил праменот коса од Ели ламинирана во картичка. Болдвин вели дека „единствено тоа ѝ останало од ќерка ѝ“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.