Брзите, едноставни и вкусни рецепти се идеално решение за топлите летни денови.
За овој брз рецепт можете да употребите и остатоци од печено пилешко и ќе биде фантастично, а тестенините овој пат ќе ги зготвиме со батаци, пилешка супа и други состојки за да го направиме вкусот посилен и побогат.
Потребни состојки:
300 гр паста (пене или макарони)
црвен кромид
250 гр печурки
4 пилешки копани (без кожа и без коски)
шолја рендан пармезан
маслиново масло екстра верџине
200 мл павлака за готвење
чаша бело вино
750 мл пилешка супа
чешне лук
сол
магдонос
босилок
Подготовка:
Лукот и црвениот кромид излупете ги и ситно исечкајте ги за да бидат речиси невидливи при варењето. Исчистете ги печурките и исечкајте ги на четвртинки. Пилешкото исечете го на парчиња со големина на залак и пропржете го во огноотпорен сад со малку маслиново масло. Кога е готово, извадете го. Додадете уште малку масло и пржете ги ситно сечканиот кромид и лукот во истиот сад во кој го пржевте пилешкото. Додадете малку сол. Додадете чаша бело вино и оставете алкохолот да испари. Гответе околу 5 минути. Потоа додадете ги печурките и варете уште неколку минути. Потоа додадете павлака за готвење, пилешка супа и зачини по желба и оставете полека да се готви.
Кога ќе почне да врие, додадете ги тестенините. Гответе полека околу 10-12 минути.
Потоа додадете го изренданиот пармезан и полека мешајте за сѐ да се растопи, а сосот да се згусне. Тргнете го од оган и оставете да отстои околу 5 минути. Додадете го пилешкото и измешајте да се соедини. Послужете го топло и посипете одозгора рендан пармезан и малку свежо сечкан магдонос (или младо кромитче). Украсете со гранче босилок.