Ќе ви биде жал што немавте храброст, да живеете како што сакавте

Понекогаш е тешко да се донесе вистинска одлука. Те боли, те загрижува, како другите ќе се чувствуваат поради тебе. Колку и да размислуваш, сфаќаш и знаеш дека таа одлука е добра за тебе, дека таа одлука го потикнува твојот раст, но и понатаму те загрижува како тоа ќе влијае на другите.
Пробај да размислуваш вака: Ако веќе морам да бирам, подобро мојата среќа да ги прави другите несреќни, отколку мојата несреќа да ги прави другите среќни.
На многумина тоа им изгледа злобно, но вистина е. Самиот живот ќе ни покаже бројни примери за вистината на тие зборови. Но, луѓето ги сакаат своите зони на комфор. Сакаат да одат низ животот, не гледајќи вистински околу себе.
Тие луѓе се често повредени, се’ доживуваат лично, се’ сфаќаат како лична навреда. И тогаш, кога ќе се појави личност која размислува, пред нешто да каже или да направи, личност која ја разбира праведноста на своите постапки, која сака да биде пример и руши нечии тешки заблуди, таа личност, за жал, ги повредува тие луѓе..


Не затоа што така сака, туку затоа што има луѓе кои не сакаат да ги срушат своите заблуди. Кога тие би знаеле, дека тоа е патот кон среќен живот, ќе се согласат на тоа. Но, патот кон вистината и среќен живот често носи многу болка.
Таа болка се создава како последица од не тргањето на ‘завесата’. Замислете, дека пред очите имате завеса и ве прави слепи, а вие пак мислите дека ве штити и чува. Не разбирате дека таа завеса всушност ве прави несреќни. Поради неа, не гледате како стојат работите, мислите дека другите ви прават нешто лошо, ве повредуваат.
Некој сака да ви покаже дека нешто не е добро за вас, а вие за тоа се држите цврсто, бидејќи ќе се чувствувате несигурно, ако тоа ‘нешто’ го пуштите.
А кога завесата ќе се крене, како во претстава, ги гледате вистинските последици на своите одлуки и гледате во каква илузија сте живееле.
Превземате одговорност за сите свои постапки, престанете да ги обвинувате сите други за се’ што ви се случува. И оние фамозни реченици, како вие многу се грижите поради своите постапки и толку болка ви направиле другите, што сега имате слаби нерви, пиете многу таблети и се’ тоа ве чини здравје?
Не се виновни другите, ако вие нешто не сте направиле. Не се другите виновни што не сте успеале. Не се виновни другите, поради зборовите што сте ги рекле. Ниту се виновни што сте во врска, што ве прави несреќни. Нарушено здравје или недостаток на пари.
И повторно се враќаме на она, ако веќе мораме да бираме, подобро твојата среќа да ги прави несреќни, отколку твојата несреќа другите ги прави среќни.


Вие сте пример за сите, со својот живот. Ако донесете поинакви одлуки, другите тоа ќе го забележат и можеби ќе го следат вашиот пример. Ние сите учиме едни од други.
Не зборувам тука за себичност која им штети на другите луѓе, зборувам за тоа, дека без обвинувања и префрлање на вина, треба да почнете да донесувате одлуки, кои вашиот живот ќе го направи поубав, па со тоа и животот на луѓето околу вас ќе биде подобар. Запомнете дека не сте вие виновни.
Никој не е виновен, донесувавте одлуки со она ниво на знаење, кое го имавте во тоа време.
Вас сеедно ве боли, бидејќи сега работите би ги направиле поинаку. Знам дека многу од тоа ќе звучи како банализирање. И знам, дека можете да помислите како немам појма за што зборувам и дека веројатно не сум искусила некои работи, па не знам колку ви е тешко. Ќе се изненадите, ако ја знаете мојата приказна. И ви зборувам од искуство. А ако не верувате, погледнете ги малку другите кои зборуваат исто, а до нивните приказни можете да дојдете.
Почнете со мали работи. Мали одлуки, не мора веднаш да направите нешто драстично, можеби за тоа не сте подготвени. Животот се менува чекор по чекор, бидејќи низ животот се менувате и вие. Затоа не се грижете, се’ е добро. Сега можете се’ да почнете да менувате и да живеете среќно до крајот на животот.
Само ве молам тргнете ја завесата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.