Актерот Вилијам Расел почина на 100-годишна возраст.
Оваа вест ја потврдија и за The Guardian, а како што беше кажано, актерот починал на 3 јуни.
Роден е на 19 ноември 1924 година како Вилијам Расел Енох и бил успешен британски актер.
Јавноста најдобро го памети по улогата на Иан Честертон во научно-фантастичната серија „Doctor Who“.
Оваа улога ја повтори во 2022 година, дури 57 години откако неговиот лик последен пат се појави во оваа серија. Привлече големо внимание кај гледачите.
Расел глумеше и во „На пат“, „Голема шанса“, „Големото бегство“, „Терор“, „Супермен“, „Робин од Шервуд“ и други.