Меркел следниот четврток и петок ќе допатува во посета на Атина, во чии рамки треба да се сретне грчкиот премиер Алексис Ципрас, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и опозицискиот лидер Кирјакос Мицотакис.
Медиумите во Грција веќе пишуваат дека за време на посетата на канцеларката Mеркел на Атина, таа ќе се обиде да обезбеди што е можно поширока парламентарна поддршка пред гласањето на Парламентот за Преспанскиот договор и ратификацијата на протокот за членството на Македонија во НАТО.
Како што се најавува таа ќе се обиде да го убеди дури и Mицотакис да даде поддршка на Преспанскиот договор со што ќе се придонесе за стабилноста и развојот на целиот регион.