Последниот викенд 28-ми кон 29-ти месецов во Македонија ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад. Но, согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.
– Во новата предлог директива за прекинување на сезонските промени на времето која сеуште не е објавена во Службент весник на ЕК и Парламентот на ЕУ е наведено дека земјите членки треба да ја транспонираат до 1 април 2019 година и да се изјаснат за изор на стандардно време кое ќе се применува на национално ниво. Бирото за метрологија ги следи случувањата во однос на процесот на усвојување на директивата за прекинување на сезонските промени на времето. По усвојување на предлог-директивата, претстои усогласување на националното законодавство на Република Македонија и определување на начинот на транспонирање на горенаведената директива, а предлогот од страна на Бирото за метрологија ќе биде доставен до Владата на РМ на одлучување, наведуваат од Бирото за метрологија.
Европската комисија неодамна ја донесе одлуката за промена на стрелките на часовникот според која последното поместување на стрелките ќе се случи, вообичаено, во последниот викенд во октомври следната година. Според предлогот секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките кои сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.
Причина за покренување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. За укинување на летното време веќе се изјаснети Литванија, Естонија, Летонија и Финска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.