Денеска и официјално започна Светското првенство во фудбал кое годинава се одржува во Русија.
Една од навивачките кои ќе „згрмат“ на трибините е и пејачката Јелена Карлеуша, која по финалето на „Ѕвездите на гранд“ вечерва ќе патува за Русија.
Јелена со сите сили ќе го бодри својот сопруг Душко Тошиќ кој ќе ги брани боите на Србија.
Првиот натпревар тие го играат на 17 јуни против Костарика, а пејачката преку социјалните мрежи ги извести фановите дека ќе патува за Русија објавувајќи фотографија од резервацијата, погледнете.