Ќе живеат во дом кој е цел во злато – сестрата на Богдана Ражнатовиќ ќе има еден детаљ во вилата што го нема ниту Цеца!

Бојана Родиќ и Мирко Шијан ова лето ќе станат родители за прв пат, а кога приновата ќе пристигне во домот тие ќе продолжат да живеат во домот на пејачката Гоца Божиновска.
Бојана се преселила од родниот Тител во големата куќа на нејзиното момче која се смета за една од најголемите и најубавите во тоа место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мирко Шијан (@miresijan)


Она што соседите можат да го забележат од надвор е дека станува збор за голем имот ограден со високи ѕидови и дека има сигурносни камери на секој чекор.
Во вилата има голем базен во кој семејството ужива во текот на летото.
Во домот пејачката се пресели откако се омажи за Зоран Шијан кој е убиен пред 22 години во центарот на Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Bozinovska (@gocabozinovska)


Таа во него живее заедно со својот син и ќерка.
Инаку фановите се шегуваат дека Бојана ќе има можност да ужива во отворен базен, додека тоа Богдана го нема во вилата на Цеца, бидејќи пејачката има само внатрешен базен кој неодамна го направија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Bozinovska (@gocabozinovska)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.