Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Со последната промена, минатата недела малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемија за 0,50 денари.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ее 68,00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 58,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
46,50 денари по литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,246 ден и изнесува 33,140 денари за килограм.
Останува да видиме дали утре ќе има уште едно зголемување на цените.