Ќе има поголеми плати по 30-ти септември, Струмица е во Европа

Премиерот Заев се обрати пред струмичани на струмички дијалект и порача дека македонскиот јазик кој е богат со дијалекти ќе биде признаен во целиот свет и со членството на земјата во ЕУ и НАТО ќе биде и официјален јазик на Европската Унија.
„И НАТО и ЕУ носат економија. Носат поголеми плати и прогрес. Секаде во сите земји коишто станале членки на ЕУ и НАТО неколкукратно се зголемиле странските директни инвестиции“.  Во соседна Бугарија бројката на невработеност од 17.5% се намалила на 5.3%. Просечната плата од 244 евра, денеска е 530 евра. Во Романија платите се зголемиле за 400%. Биле создадени услови за достоинствен живот на граѓаните дома во својата земја. Огромни се придобивките и за земјоделците, и за нашата локална самоуправа, и за здравството и за образованието и за социјалната заштита“, рече тој обраќајќи се на граѓаните на струмички дијалект.
„Нашиот јазик е богат со дијалекти и останува за век и веков. И после 30-ти во Народната гимназија „Јане Сандански“ ќе се учи на македонски јазик. И после 30-ти во Домот на културата „Антон Панов“ ќе се пеат песни на македонски јазик, ќе се промовираат книги на македонски јазик, ќе се играат македонски ора, ќе се промовираат претстави на македонски јазик. Пред споменикот на Гоце Делчев или пред споменикот на Благој Јанков Мучето или на претседателот Борис Трајковски ќе држиме уште говори на македонски јазик. Различно ќе биде тоа што нашиот македонски јазик ќе биде еден од официјалните јазици на Европската Унија“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.