Според соопштение на пратеникот Ендру Бриџен од Конзервативната партија, кој долго време ја критикува Меј, парламентарната фракција на британските конзервативци може вечер да гласа за недоверба на лидерката на партијата и премиерка Тереза Меј.
Пратеникот и претходно истакна дека при првата можност, пратениците од Конзервативната партија ќе гласаат дали имаат или не доверба во Меј, а според него тоа ќе се случи токму вечер.