Ќе му ја пренесе ли Трамп на Путин пораката од Порошенко?

Според украинските медиуми претседателот, Петро Порошенко, имал порака за рускиот претседател, Владимир Путин, но сакал на претстојниот самит на Г-20 во Аргентина лично да му ја пренесе американскиот претседател, Доналд Трамп. Двајцата претседатели треба да се сретнат на маргините на самитот на Г-20 во Буенос Аирес, кој ќе се одржи во петок и сабота.
„Ве молам господине Путин, оставете ја Украина”, се вели во пораката на Порошенко.
Дали желбата ќе му биде исполнета тешко е да се претпостави затоа што претседателот, Трамп претходно изјави дека би можел да го откаже состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин по поморскиот судир меѓу Русија и Украина. Трамп за „Вашингтон пост“ рекол дека очекува целосен извештај од својот тим за национална безбедност во врска со руската заплена на три брода на украинската морнарица и апсењето на нејзиниот екипаж, по што ќе донесе одлука дали ќе има средба или не.
„Можеби нема да имам состанок. Не ми се допаѓа таа агресија, воопшто не ја сакам“, рекол Трамп.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.