„Ќе направам масакр поголем од оној во Рибникар“: Во експресна акција утрово е уапсен насилник во Србија

Во експресна акција на српската полиција утрово е уапсен 35-годишен насилник кој се заканувал со масакр.

Како што пренесува „Блиц“, Б.П. прво ја претепал мајка си, по што побегнал од дома и ѝ пратил порака дека ќе „направи поголем масакр отколку во Рибникар“, за што несреќната жена веднаш ја известила полицијата.

Старицата неколку пати го пријавувала синот, а во последниот случај кога и ја скршил раката, таа ја повлекла пријавата. Тој исто така е разведен, зошто и поранешната сопруга пријавила дека често покажувал знаци на насилство.

Во неговата куќа во Земун не било пронајдено оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: