Две фотографии од Буча, предградието на главниот град на Украина, Киев, кои се направени во период од приближно една година, станаа вирални на социјалните мрежи.
Првата фотографија прикажува дистописка сцена со запалени и напуштени тенкови, а втората прикажува целосно обновена улица без никакви траги од војната.
Овие фотографии прикажуваат локација на истата улица Вокзална. Руската воена активност во Буча беше фокусирана токму на оваа улица.
„Ќе обновиме, но никогаш нема да заборавиме“, пишува во една од објавите на Твитер која ги прикажува двете фотографии.
Токму тука, според 8-месечната визуелна истрага на „The New York Times“, наградена со Пулицерова награда, руските падобранци од 234-та воздушно-десантна бригада предводени од полковникот Артјом Городилов, ги извршија некои од најстрашните злосторства во Украина.
Украинските сили повторно ја зазедоа Буча, на 31-ти март, а по руското повлекување, сателитските снимки ги покажаа телата на погубените цивили покрај улицата Јаблунска, токму на крстосницата со улицата Вокзална.