Ќе одекнуваат “бомбите“, премиерот Заев ќе сведочи за “Монструм“

Со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од “бомбите”, а предложени од Обвинителството како дополнителни докази, на 5 септември ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година “Монструм“.
Судијата Огнен Ставрев на странките им предложи доколку сакаат неколку дена пред судењето да ги разгледаат транскриптите за да се подготват за судењето.
Откако судијата најави дека од наредното рочиште ќе почне со презентирање на “бомбите“, еден од родителите на убиените момчиња побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на “заштитените мечки“. Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО истакна дека во судница ќе биде повикан премиерот Заев, пренесе “Фокус“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.