Ќе плаче, а кој нема, ова тера на солзи: После многу години Михаел Шумахер направи една работа и го растажи целиот свет

Михаел Шумахер (56), легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, потпиша шлем што ќе биде продаден на хуманитарна аукција – со помош на неговата сопруга Корина. Ова е првпат по долги години Германецот да даде некаков придонес во јавен проект, а потписот „МС“ го ставила неговата рака водена од сопругата, пишува „Дејли мејл“.

Кацигата ќе се продава како дел од кампањата „Трка против деменција“, фондација основана од трикратниот светски шампион Сер Џеки Стјуарт, со цел да се бори против деменцијата, болест која ја погодува и неговата сопруга.

Белата кацига со препознатливиот дизајн на Royal Stewart Tartan, каква што го носеше Стјуарт за време на неговата славна кариера во 1960-тите и 1970-тите, ќе биде претставена на јавноста за првпат на Гран при на Бахреин оваа недела. Сер Џеки Стјуарт, кој сега има 85 години, ќе вози почесен круг пред трката со својот болид од 1973 година, кога ја освои својата последна шампионска титула.

– Прекрасно е што Мајкл можеше да учествува во оваа благородна иницијатива. Корина му помогна, а сега ги имаме потписите на сите живи светски шампиони“, изјави Стјуарт, кој минатата недела во емотивно интервју за „Би-би-си“ изјави дека неговата сопруга понекогаш веќе не го ни препознава. „Ме праша: „Каде е Џеки?“. „Тоа беше прв пат да се случи. Таа сега живее во својот нов свет“.

Да потсетиме дека Михаел Шумахер имаше тешка несреќа во декември 2013 година додека скијаше надвор од патеката во Мерибел, на француските Алпи. Паднал и ја удрил главата во карпа и покрај кацигата што ја носел. По несреќата, тој беше во индуцирана кома и оттогаш се опоравува далеку од очите на јавноста, во строго чуваната приватност на неговиот дом на Женевското езеро.

Неговата моментална состојба е во тајност, но познато е дека е под постојана грижа на лекарски тим, а неговото потесно семејство, особено неговата сопруга Корина, секојдневно го чува. Информациите кои повремено протекуваат во јавноста укажуваат дека Шумахер не е подвижен и не комуницира како досега, но е свесен и опкружен со љубовта на своите најблиски.

Шлемот потпишан од Мајкл ќе помогне во финансирањето на истражувањето што го спроведува Универзитетот во Кембриџ – тоа е револуционерен тест на крвта кој може да открие знаци на фронтотемпорална деменција неколку децении пред да се појават симптомите.

Пронајдете не на следниве мрежи: