Младата и популарна пејачка Андријана Петрушовска во саботата уште еднаш докажа и покажа зошто е една од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд” оваа сезона.
Нашата Андријана ги освои сите гласови во полуфиналето и со тоа обезбеди директен пласман за во финалната вечер која ќе се одржи во сабота на 8 јуни.
Таа доминираше на сцената и со своите интерпретации ја воодушеви стручната жирикомисија на чело со директорот на продукција „Гранд“, Саша Поповиќ.
Веднаш по завршувањето на полуфиналната вечер, Андријана објави фотографии со своите родители и напиша емотивни зборови за нив.
Сабота на 8-ми јуни да ја поддржиме нашата Андријана и да се радуваме на уште една победа на Македонец во „Ѕвездите на Гранд”.