Ќе се вратат ли учениците на училиште? – Царовска: Подготвени се три сценарија

Децата кои од здравствени причини или поради заразување со Ковид-19 нема да можат наставата да ја следат со физичко присуство, тоа ќе можат да го сторат онлајн, изјави министерката за образование у наука, Мила Царовска. Истото важи и за децата кои имаат член во семејството со хронична болест.
Но, ако состојбата со вирусот се влоши уште повеќе, Министерството за образование и наука подготви три можни сценарија за претстојната учебна година.
Во меѓувреме, во Извештајот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ пишува дека повеќето деца сакаат да се вратат во школските клупи, поради тоа што им недостига дружењето со другарчиња.
МОН изготви протоколи за училиштата околу тоа како ќе тече наставата и како да се заштитат од Ковид-19. Предвидено е носење маски, дезинфекција на рацете за учениците и целиот кадар, ставање во функција на сите влезови на училиштата, а на децата кои доаѓаат со организиран превоз да им се мери температурата при влез во автобусот. Според протоколите, паралелките ќе работат со целосен капацитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.