Барањата за амнестија за настаните од 27 април се поднесени, сега треба да се разгледуваат и по нив да се изјасни Основниот суд Скопје 1, само што се уште не се знае кој судија ќе одлучува. Иако во јавноста се шпекулираше дека оваа одлука треба да ја носи судијката Добрила Кацарска претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев се уште не решил.
Судијката Кацарска смета дека ако таа одлучува ќе го прекрши Законот за кривична постапка со навлегување во туѓа надлежност. Истиот став го имаат и адвокатите на обвинетите во случајот „27 април“.
– Да не испадне дека ја бранам судијката Кацарска, меѓутоа да, и моето мислење е дека судијата Кацарска е во право и дека Кривичен совет треба да реши за тоа кој ќе биде амнестиран, иако повторно ќе кажам, можеби малку политички ќе испадне изјавата, но, Собранието, тие што го донесоа законот требаше да си ги расчистат работите во Собрание, а не жешкиот костен да го префрлаат на судијката Кацарска- изјави адвокатот Душан Јанковиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.