Иако пејачката и љубовта на нејзиниот живот на почетокот ја криеја својата врска од очите на јавноста на крајот, сепак, се откажаа од тоа. Тие веќе две години живеат заедно, а пред неколку месеци Викторија му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Ѓорѓи. Сега пак, за “Бекстејџ“ таа откри кога ќе биде свадбата и дали веќе почнала да се подготвува за најубавиот ден во животот на секоја девојка.
– Уште немаме одлучено ништо, оваа година мислам дека нема да биде. Имаме некои планови за патување во септември, а сакаме се да биде убаво организирано, па најверојатно свадбата ќе ја оставиме за наредна година, откри Лоба.