недела, 15 ноември 2026
Најново

Ќе се намалат коефициентите на функционерските плати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе измени на пакет закони со кои треба да се намалат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова ќе се намалат платите на функционерите од 10 до 13 илјади денари.
Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница денеска најави дека законските измени ќе одат на брза лента и веќе со февруарската плата функционерите ќе земат помали плати.
– Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот, изјави Стојаноски, додавајќи дека предложените измени се целосно во согласност со Уставот.

Поврзани вести