Ќе се намалуваат трошоците за нотар и извршител

Владата ги прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат кои ги предложи Министерството за правда.  Со ова ќе се намалат трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити, соопшти Владата.

Со новите предлог-решенија за овие два закона трошоците за нотарските и услугите на извршителите се намалуваат за 50% до 90 %, а дури 16 ставки за кои порано постоеја трошоци, со новите тарифи за нотарски и извршителски услуги ќе бидат целосно бесплатни.
– За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. Вкупно се ревидираат 16 ставки од тарифникот на извршителите, од кои некои се намалуваат за 50 отсто, а некои и повеќе од 50 отсто. Наградите се намалени, платни налози за трошоци нема да може да бидат повисоки од 20 отсто од вкупниот долг. Во прашање се илјадници семејства и загрижени граѓани – рече Заев.
Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Министерката Дескоска табеларно ги презентираше намалувањата на трошоците.
– Многу професии нема да бидат среќни од оваа измена, но граѓаните го имаат главниот збор, ова е социјална држава – рече министерката Дескоска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.