Ќе се најде лек за Алцхајмеровата болест?

Како што пишува “Њу сајентист“, најверојатно, е пронајдена причината за Алцхајмеровата болест. Тоа се бактериите Porphyromonas gingivalis, кои се клучни причинители кај повеќето хронични заболувања на мозокот.
Добрата вест е дека лекот кој ги блокира основните токсини на бактеријата, ќе биде подложен на клинички тестирања оваа година. А, истражувањата објавени на 23 јануари 2019 во списанието “Сајенс адвенс“ покажуваат дека лекот може да го запре, па дури и да го пренасочи процесот на развојот на Алцхајмеровата болест. Тоа може да значи и создавање вакцина.
Имено, научен тим од Мелбурн веќе разработил експериментална вакцина против Porphyromonas gingivalis, којашто веќе мина дел од тестовите во 2018 година.
Една вакцина против заболувањата во мозокот е добредојдена, но ако таа дејствува и против Алцхајмеровата болест, придобивките ќе бидат огромни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.