ЌЕ СЕ ОНЕСВЕСТЕШЕ ОД ПОДАРОКОТ КОЈ И ГО ДАДОА ФАНОВИТЕ – Цеца излезе од вилата на Дедиње, а од глетката среде улица приредена за неа подзина

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска го прославува својот 50-ти роденден, а честитките пристигнуваат на нејзина адреса во текот на целиот ден.

На Цеца нејзините фанови и приредија големо изненадување за овој посебен ден.
Имено таа излезе надвор од својата вила заедно со внукот Жељко, па ја дочека изненадување кое ќе го памети уште долго време.
За неа имаше постелено бел свилен тепих како и балони и цвеќиња на сите страни.

Од глетката таа беше воодушевена, па ги прегрна фановите и се фотографираше со нив.
Тие запалија и бакли во чест на јубилејниот роденден на Цеца, а и подарија скапоцен накит кој сигурно ќе го носи на некој настан.

Инаку таа требаше да направи голема забава за својот 50-ти роденден, но поради загубата на бебето на нејзината ќерка Анастасија таа одлучи да направи семејна прослава во кругот на најблиските членови на семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.