Ќе се свикува Парламентот. Собрани се потписи за иницијативата

Ќе се свикува Парламентот. Собрани се потписи за иницијативата

Потпишани на иницијативата за повторно свикување на Собранието се пратеници од повеќе партии. На списокот има и пратеници од опозициските ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА.

Џафери вели: „Јас сум свесен за ситуацијата и не сум неодговорен, ама како претставник на институција сум обврзан да ги почитувам Уставот, законите и прописите. Ако не постапувам така, правам кривично дело, а зошто би го правел тоа“. Што е сосема нејасно како изјава ако се знае дека беше незаконски и неуставно изгласан. На нозе, што би се рекло и секако без 61 пратеник што е Уставна обврска.

Значи се работи за политички игри.

Потписите утре ќе бидат доставени до собранискиот претседател кој треба да одлучи дали привремено ќе ги врати во пратеничките клупи веќе распуштените пратеници.

Ние се прашуваме дали пратениците имаат или немаат мандат?! Дали е ова активизам колку да се задржат платите? Состојбата е целосно нејасна.

Тања Каракамишева го има следниот став:

Потпишаните на иницијативата се повикуваат на член 63 став 4 од Уставот, каде стои дека, „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“. Иницијативата е насловена како Предлог на одлука за потврдување на одлуката за постоење на вонредна состојба на територијата на Македонија и содржи две идентични точки. На истата не се потпишани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

И од Институтот за демократија сметаат дека има законска основа за свикување на Собранието.

Од Институтот потенцираат и дека, Собранието мора да се свика и за да врши контрола над извршната власт, која во услови на вонредна состојба има законски надлежности.

Според Уставот, првиот парламентарец е единствен надлежен да закаже седница на Собранието, а тоа може да го направи и по барање на 20 пратеници, на Владата или на шефот на државата.

Нола Исмајловска од независната пратеничка група (поранешни пратеници на ДПМНЕ кои се одметнаа при промената на името. што многумина го сметаа за маневар на партијата) рече дека ќе ја поддржат иницијативата за свикување на Собранието на Македонија.

Овој собраниски состав се распушти на 16 февруари, за што одлуката беше донесена со повеќе од сто гласови од вкупно 120 пратеници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.