Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Режисерот Антоан Фукуа ќе го снима биографскиот филм „Мајкл“ за светски познатиот поп-пејач Мајкл Џексон (1958-2009), пишува филмскиот магазин Hollywood Reporter.

– Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива, изјави Фукуа.
„Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан, познат по „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Меркјури.

Не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓу другото е познат по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот Џексон Фајв, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.
Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ (1982), кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.