Ќе сме го враќале името? Вратете ги автобусите назад на скопските асвалти – ова е срамота!

Жално, мизерно, срамно Скопје!

Додека сите одат напред, додека во европските земји се оставаат автомобилите поради одличниот јавен превоз, во Скопје работите одат од бетер во бетер.

Утринава беше жално и мрачно да се гледаат луѓето како на минусни температури стојат на автобуските постојки и чекаат јавен превоз надевајќи се дека некако ќе стигнат на своите работни места. Згора на се, па и воздухот кој го дишат е ,,приказна за себе” па кога ќе сумираш , нека не се чудат надлежните зошто младите бегаат од оваа држава и допрва ќе го бараат сонцето некаде надвор од границите на оваа држава. Во 21 век, верувале или не во безмалку милионски град, денес се обраќаат само 25 автобуси…

Ќе сме го враќале името?

Прво вратете ги автобусите назад на скопските асвалти бидејќи еден ден ќе му ,,пукне филмот” на овој народ, па ќе ја направите уште по голема работава.

Д.Г

Пронајдете не на следниве мрежи: