Ќе стане големата – НИНЏА доставил нови 115 АУДИО СНИМКИ како докази за „27 АПРИЛ“, веројатно сам си правел отстапница

115 снимки и 20 фотографии обвинетиот Алексадар Василевски-Нинџа бара обвнилителството да му ги предаде на судот. Доколку судот ги дозволи, Нинџа сака истите да бидат изведени без присуство на јавноста. За овие дополнителки докази, адвокатата на Нинџа вели дека не и се познати. Не одговори зошто ги предлагаат во овие моменти.
Веројатно се од „Белата палата“ кои си ги направил за сопствена безбедност.„Како поткрепа на мојот исказ даден пред судот ги предлагам како докази 115 аудио снимки и 20 фотографии кои ги доставив до обвинителството за организиран криминал уште кога се предадов на 11 јуни 2018. Сега барам обвинителката Вилма Рускоска да ги предаде бидејќи се во обвинителството, а да се преслушаат со исклучување на јавноста“, изјавил Александар Василевски Нинџа.
Обвинетиот Нинџа претходно сведочеше дека штабот за крвавиот упад на 27 април бил на осмиот кат во Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешната заменик-министерка за правда, Билјана Бришковска- Бошковска му наредила на Велјановски пратениците да ги отворат вратите. Дополнителни докази најави и одбраната на обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и Мунир Пепиќ, но пред да се претстават пред судското тело, овие докази треба да се декласифицираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.