Доколку сте љубители на едноставни колачи без печење, задолжително пробајте го овој чоколаден десерт. Станува збор за кремаст десерт за кој ќе ви треба половина час за подготовка.Важно е само добро да го изладите пред послужување за да се спојат сите слоеви.Состојки:
400 грама мелени бисквити
две лажици чоколаден крем
една лажица какао
100 грама стопен путер
250 грама крем сирење
50 грама шеќер
550 милилитри млеко
60 грама инстант чоколаден пудинг
60 грама инстант пудинг од ванила
250 милилитри шлаг
рендано чоколадо
Подготовка:Прво намачкајте ја тавата за печење. Можете да користите калап со дијаметар помеѓу 22 и 25 сантиметри. Во поголем сад измешајте ги мелените бисквити, стопениот путер, какаото и чоколадниот крем. Откако ќе добиете изедначена смеса, притиснете ги на дното од калапот и ставете ги во фрижидер.После тоа со миксер се мати крем сирењето, се додава шеќерот и 50 милилитри млеко и повторно се мати. Во друг сад изматете ги со миксер шлагот и прашокот за пудинг од ванила додека не добиете тврд крем. Соединете го кремот од сирење со кремот за пудинг и намачкајте го врз основата и вратете го во фрижидер.Потоа следува подготовка на чоколадниот крем. Тоа ќе го направите така што ќе го изматите пудингот со млеко (приближно 500 милилитри млеко) и ќе го премачкате со изладениот крем од ванила и сирење. На крајот посипете го колачот со рендано чоколадо и оставете го да се излади во фрижидер најмалку четири часа.