Потребно е:
1 лажица путер
1 лажица брашно
1 чаша доматно пире
100 гр тарана
1,5 л говедска супа (коцки)
Подготовка:
Во растопен путер пропржете го брашното. Додадете го доматното пире, па додадете ја супата. Оставете да зоврие, па додадете ја тараната и варете уште 20 минути до половина час на тивок оган. Посипете со бибер и мелена пиперка и послужете.