Ќе ја презентирам вистината за нашата праведна војна



Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата да им се обрати на пратениците во двата дома на американскиот Конгрес, соопшти денеска неговиот кабинет додавајќи дека тој ќе биде првиот странски лидер што ќе се појави таму по четврти пат, пренесе Хрт.хр.

Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел / фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

„Трогнат сум од привилегијата да можам да го претставувам Израел пред двата дома на Конгресот и пред претставниците на американскиот народ и пред целиот свет да ја презентирам вистината за нашата праведна војна против оние што бараат наше уништување“,

се наведува во соопштението.

Во меѓувреме израелската армија ја продолжи операцијата во Рафах, во јужниот дел на Газа, и покрај големите критики од меѓународната заедница.

Борбите продолжија и во централниот дел на Појасот Газа каде што во последните два дена беа убиени десетици Палестинци. Израел тврди дека тие биле терористи.

Поради големиот број цивилни жртви и катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, Израел се соочува со зголемени критики однадвор, особено за операцијата во густо населениот Рафах.

Пред една недела Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел веднаш да ги прекине воените операции во областа.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: