Горан Ангелов Ќосето, еден од осудените за настаните од 27 април, кој издржува долгогодишна затворска казна, револтирано реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека секој што има правосилна пресуда треба да си ја одлежи казната.
Во посебен статус на неговиот Фејсбук профил Ќосето уште еднаш го прозва Мицковски, кој неколку години наназад знаеше да ги спомене него и останатите затворени за 27 Април, во конотации кои му одговараат политички и најчесто во време на изборни кампањи…
За кој пресуди зборуваш?!
Оние од Кацарска и Русковска, нели беа “Кацарска судство” или сега ти се арни!?
„Ова е и значи и за 27 Април, пошто сме правосилно осудени треба да си лежиме за “ТЕРОРИЗАМ”…
Абе ЈЕБ*ТЕ СЕ, како не ти е срам“, му напиша Ќосето на Мицковски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.