Ѝ кажал дека е премногу грда, а таа одлучила да успее: Почетокот на кариерата на холивудската ѕвезда бил вистинска катастрофа

Популарната холивудска актерка Мерил Стрип, денеска полни 74 години.
Мерил Стрип ја носи титулата за една од најголемите уметници кои светот некогаш ги имал. Својот талент за актерство му го покажала на цел свет, а на почетокот на кариерата доживеала понижување кое со години го прераскажува.

Мерил Стрип започнала да го тренира гласот на 12 години и да глуми во средно училиште. Во 1971 година дипломирала драма и костимографија на Васар колеџот во Њујорк.

По работата во летниот театар, Стрип студирала драма на Универзитетот Јејл каде во 1975 година се стекнала со диплома магистер по ликовни уметности. Потоа се преселила во Њујорк за да ја започне професионалната кариера како актерка.
На почеток од кариерата сепак не ѝ одело сè како што треба. Стрип раскажала сè за инцидентот којшто се случил на аудиција за главна женска улога во филмот „King Kong“.
Како што изјавила, неа синот на продуцентот Дино де Лаурентис ја повикал на кастинг, а откако се појавила останал запрепастен. Изговорил само една реченица за која мислел дека таа нема да ја разбере, а гласела „колку грда жена“, но таа тоа го разбрала.

Таа објавила дури и фотографија која сведочи за тоа, покрај која пишувало:
„Ова бев јас на враќање дома од аудицијата за „King Kong“ каде ми кажаа дека сум премногу грда за таа улога. Ова беше клучниот момент за мене. Ова е едно лажно мислење кое можеше да ги наруши моите соништа да станам актерка или да ме натера да почнам уште повеќе да верувам во себе. Длабоко воздивнав и реков: Жал ми е што мислиш дека сум премногу грда за твојот филм, но ти си само едно мислење во морето илјадници и одам на пронајдам друго“.

Тогаш актерката имала само 18 години.
Тоа бил моментот кога одлучила да успее и нејзината кариера започнала да се движи по нагорна линија. Стрип дебитирала на Бродвеј во 1975 година. Две години подоцна се појавила и во својот прв долгометражен филм „Julia“, но нејзината улога во филмов „The Deer Hunter“ во 1978 година и донела големо актерство признание. Истата година актерката добила и „Emmy“ награда.
Во текот на наредните 10 години, Стрип ја потврдила својата репутација на една од најдобрите холивудски драмски актерки. Нејзините настапи во некои од филмовите ѝ донеле и Оскар.

До доцните 80-ти, репутацијата на Стрип била брилијантна актерка. Нејзиното име вообичаено се поврзувало со сериозни, често депресивни филмови, а некои критичари се жалеле дека на нејзините настапи им недостасува сочувство. Како резултат на тоа, Стрип се обидела да го смени својот популарен имиџ појавувајќи се и во неколку комедии.
Популарната актерка денеска полни 74 години и зад себе има кариера на која би ѝ завиделе голем број од колегите во Холивуд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.