Џабе солзи Горде, снимале се, а ти беше Министер за Внатрешни Работи

Во понеделник пресуда за раздвоената постапка за набавката на „мерцедесот“, против ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа со плачење раскажа дека судскиот совет во експесен период ја завршува постапката, како што и би требало да биде.
Изговорот  од типот дека е мајка која треба да се грижи за бебето и нема време да ја спреми одбраната не помина кај обвинителството. Ако сте Јанкуловска толку лимитирани и освен да чувате бебе неможете да постигнете ништо друго како се нафативте да го водите најделикатниот ресор во државава толку години и да дозволите да снима кој ќе стигне и да тргува после со тие матерјали?
Обвинителството на Катица Јанева не ја докажала надлежноста. Сметаат дека немало совпаѓања во телефоските разговори, а адвокатите се сомневаат во ниваната автентичност. Никој во Македонија не се сомнева во автентичноста на снимката од причина што  разговорите за Мерцедесот и нарачката од нејзина страна ја слушна цела Македонска јавност. Обвинителите на СЈО Стефчо Донев и Фатиме Фетаи во завршниот збор ги споменаа телефонските разговори. Нарачаката за мерцедесот, со масажерите, телевизорчињата, до неговото криење во гаража. За „криењето“, Фетаи ги оспори сведочењата на вработените од МВР дека била неопходна нарачката на блиндираното возило, бидејќи претходните авотмобили биле стари и се расипувале често, а луксузниот „мерцедес“ и откако бил пристигнал чекал во гаража.
Но, за СЈО вели Фетаи е важно како е нарачан луксузниот „мерцедес“. СЈО од судот побара Јанкуловска да биде прогласена за виновна, со отежнителни околности дека влијаела како министерка и поттикнувала за нарачката. Во понеделник ќе се знае разврската и ќе биде соопштена пресудата.
Copyright 2018: Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.