Македонскиот шоумен Игор Џамбазов емотивно и со скршено срце со посбна објава денеска за трагично загинатиот фронтмен на групата ДНК, Андреј Ѓорѓиески.
– Пријателе…
Немам зборови.
Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.
Уште помалку да пеам.
Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.
Андрејчук, малкумина има како тебе.
Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.
И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку…
Сонувај спокојно… – напиша Џамбазов на Фејсбук