Џастин Бибер ги загрижи фановите со новата објава: „Имам проблеми со бесот“

Џастин Бибер во последните месеци ја загрижува јавноста со своето однесување, а тоа успеа повторно да го направи со нови објави на социјалните мрежи.
Тој на Инстаграм објави серија фотографии, а на една од нив позира со качулка која му го покрива речиси целото лице.
„Имам проблеми со гневот, но сакам да се подобрам и да не реагирам толку многу“, напиша тој.
Малку подоцна тој сподели видео на кое свири на инструменти во придружба на бенд.
“Мислам дека понекогаш се мразам себеси кога чувствувам дека станувам неавтентичен. Потоа се сеќавам дека сите сме принудени да мислиме дека не сме доволни, но сепак мразам кога се менувам за да им угодам на луѓето”, изјавил пејачот.

View this post on Instagram

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Неговите обожаватели во последно време се загрижени за неговата психичка состојба, а една од причините се објавите кои ги споделува на социјалните мрежи.
На почетокот на овој месец, тој изјави дека секогаш се чувствувал „недостоен“, и покрај тоа што секогаш бил опкружен со љубовта на своите обожаватели.

Пронајдете не на следниве мрежи: