Џастин Бибер ги нападна фотографите (ВИДЕО)

Џастин Бибер имал жестока конфронтација со папараците додека влегувал во кафуле со пријатели, објави „ТМЗ“. Имено, пејачот веднаш го покрил лицето кога забележал група фотографи со камери и телефони како го снимаат.

„Добро утро“, рекол еден од папараците, на што Бибер одговорил: „Не! Не е добро утро! Веќе знаете. Зошто сте тука?“

Потоа Бибер им се приближил на папараците и им рекол дека само „сакаат пари“.

„Пари, пари, пари, пари, пари, пари“, повторувал тој гестикулирајќи со прстите како да бара пари.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

„Бегајте оттука, брате. Пари, тоа е сè што сакате. Не ви е гајле за луѓето“, извикувал Бибер додека се обидувал да спречи еден од фотографите да фотографира.

Пејачот повторно им кажал на фотографите да си одат.

„Тоа е сè што ве интересира, луѓе. Пари. Не ви е гајле за луѓето. Само пари… Не ви е гајле за луѓето“, рекол тој.

Инаку, овој испад доаѓа помалку од еден месец откако Бибер призна на социјалните мрежи дека има „проблеми со гневот“. Пејачот е во центарот на вниманието во последните месеци поради неговото проблематично однесување, наводната употреба на дрога и проблемите во бракот со Хејли Бибер.

Пронајдете не на следниве мрежи: