Џастин Бибер е болен, изјавата ја пласираше на својот Истаграм

Како што самиот потврди на својот истаграм профил, Џастин Бибер е болен од неизлечива болест. „Многумина би зборуваат дека изгледам пропаднато, дека се дрогирам и слично, а не гледаат дека сум болен. Неодамна е откриено дека патам од лајмска болест, која се одразува на мојата кожа, мозочните функции, енергијата и целосната здравствена состојба. Сите овие работи ќе бидат објаснети во документарецот кој наскоро ќе се објави на „ YouTube“.
Според него оваа болест е неизлечива, но конечно добил лекарски третман со кој што може истата да ја контролира.
Од оваа болест во САД годишно заболуваат околу 300.000 жители. И истата ако не се третира знае да биде опасна по живот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.