Џафери: Крмов ќе ја плати направената штета

Граѓаните нема да ги плаќаат искршените комјутери, туку штетата ќе си ја плати пратеникот од Левица, Борис Крмов, кажа собранискиот спикер, Талат Џафери откако попладнево пратеникот на Левица искрши компјутер на собраниска седница.

-Ние сме вработени во Собранието и ние сме одговорни за имотот и за инвентарот внатре. Вие смеете да кршите таму кај што работите? Не. Исто е и во Собранието. Ќе се формира комисија за утврдување на материјалната штета, сметката ќе оди кај тој што ја причинил. Не може граѓаните да ги плаќаат искршените компјутери. Пратеникот има имунитет само за кажаното на собраниската говорница. Чекор од говорницата и околу неа, нема имунитет за тоа што го прави и сакам во оваа прилика да потсетам, рече Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.