Џафери му подари на папата скулптура на Св. Кирил и Методиј

Вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери му подари на папата Франциск скулптура на Св. Кирил и Методиј, дело на македонски скулптор Томе Серафимовски. Џафери истакна дека скулптурата е изработена во Охрид, инспирирана од централниот споменик во срцето на самиот град – споменикот на светите браќа апостоли и просветители, основачи на првата словенска азбука – глаголицата, и како што рече, основоположниците на словенската книжевност и писменост.
Во знак на благодарност и почит, папата на Џафери му подари ретка скулптура и авторски книги со порака дека скулптурата на винова лоза и гулаб на маслинова гранка, е симбол на заедништво и пораки за мир. Папата, исто така,  доби и подарок и од архиепископот г.г. Стефан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.