„Денеска ќе имаме средба со граѓаните, така да ќе видиме што бараат. Јас на претходната средба во Влада не сум бил на должноста, еве месец дена како сум на должноста. Секако дека ќе се видам со граѓаните и ќе разговараме што се барањата и што може да се направи. Секако, тоа ни е обврска да разговараме со сите“, рече денес техничкиот премиер, Талат Џафери како одговор на новинарско прашање за незадоволството на жителите на Бањица околу експропријацијата на земјиштето за изградба на Коридор 8 и нивното барање предвидените кампови за работниците на „Бехтел и Енка“ да се градат на друга локација.
Во вторникот жителите на Долна и Горна Бањица излегоа на протест и информираа дека пред околу еден месец имале средба со владини функционери, на која им било ветено дека ќе се разгледа нивниот предлог за нова локација за работничкиот кам, наместо на нивните ниви и дека повторно ќе ги повикаат на разговор. Истакнаа дека од тогаш не добиле никаков одговор и најавија дека од понеделник ќе почнат со блокади, доколку не добијат средба во Владата.
Инаку, Џафери денеска беше токму во атарот на Бањица на увид во работите за изградба на Коридор 8.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ