Претседателот на Собранието, Талат Џафери од денес до 19 ноември ќе учествува на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која ќе се одржи во Халифакс, Канада. Со него патуваат потпретседателот Весел Мемеди, и пратениците Илија Димоски и Катерина Кузманоска.
Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на Сесијата, а можни се и средби нa маргините на настанот. Во рамките на ова патување тој ќе има средба и обраќање пред албанската католичка заедница “Благословена Мајка Тереза“ во Торонто.