Џафери: Не е исклучено техничката влада да остане без ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ нема да има Влада без Албанците.

„Нема влада без Албанците. Со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ? Тоа е работа на политички партии“, рече Џафери во емисијата „Клик плус“.

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина. Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри северозападно од Зеница. Земјотресот бил почувствуван низ цела БиХ. …
Се запали угостителски објект во центарот на Охрид
Се запали угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад. Како што пренесува МИА, пламенот избувнал во оџакот на објектот, а благодарение на брзата интервенција на вработените од околните локали, било спречено …

Џафери е убеден дека прашањето за албанскиот премиер ќе биде прифатено и од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изјави дека тоа ќе го направи ВМРО-ДПНЕ, бидејќи во 2013 година прифатила Џафери да биде министер за одбрана.

Џафери рече дека не е исклучена можноста следната техничка Влада да биде без ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ова го базира на составот на претходната техничка Влада, каде што министерот беше разрешен од редовите на македонската опозициска политичка партија.

Таа можност не е исклучена поради тоа што и во претходниот состав имаше разрешување на министерот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.