Потребни состојки:
1 кг праски
250 г шеќер
Начин на подготовка:
Излупете ги праските, извадете ги семките и исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во поголемо тенџере заедно со шеќерот. Почекајте 30 минути додека да пуштат сок.
Ставете ги на шпорет, па откако ќе зовријат, намалете го шпоретот на најслабо. Варете уште 40 минути, а доколку не се распаднат праските изгмечете ги со рачен блендер.
Подгответе ги теглите со тоа што ќе ги загреете во рерна и потоа ќе го сипете џемот.