Џенерал Моторс затвора осум фабрики!?

Американскиот произведувач на возила Џенерал Моторс планира да го запре производството во осум фабрики до крајот на 2019. година со што до крајот на 2020. година би требало да заштеди околу шест милијарди долари. Пет од тие фабрики се во Северна Америка, а без работа ќе останат 15% или 14 илјади лица. На светско ниво, GМ, кој кон крајот на минатата година вработуваше околу 180 илјади работници, планира намалување и на 25 насто од раководниот кадар.
Одлуката доаѓа по зголемувањето на трошоците на работење, побавната продажба на автомобили и пренасочувањето на компанијата на производство на камиони, електрични и самоуправувачки возила. Купувачите во Северна Америка се повеќе се преориентираат од помали на големи возила, како теренски возила и камиони. Во моментов тие претставуваат 70 насто од вкупната американска продажба на возила.
Извршната директорка на GM, Мари Бара изјави дека компанијата сака да инвестира во електрични и самоуправувачки возила, за кои се очекува дека ќе го поттикнат идниот раст на економијата. Таа вели дека, исто така, GМ реагира и на зголемувањето на трошоците, вклучувајќи ги новите царини на суровини како што е челикот.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.