„Џенерал моторс” повлече речиси 69.000 електро автомобили поради пожар во батериите

„Џенерал моторс” викендов повлече 68.687 електро автомобили Шевролет Болт (Chevrolet Bolt), откако имаше неколку инциденти на пожар на батериите.

Според Детроит њуз, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат на територијата на САД.

Како резултат на овие инциденти, беа повредени две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автопроизводителот, во сите случаи батериите биле наполнети целосно, и им препорачува на сопствениците на колите батериите да ги полнат до 90 проценти

„Џенерал моторс” соопшти дека работи со регулаторот за одредување на причината на пожарот во батериите.

-Пакетните батерии на транспортните средства потенцијално можат да испуштат дим и да започнат да горат, оганот може да се прошири на останатиот дел од транспортното средтсво и да предизвика пожар во просторијата, ако автомобилот е паркиран во гаража или покрај дом, се вели во соопштението на НХТСА.

Со оглед на ова, регулаторот препорачува соптвениците на „Chevrolet Bolt ” да ги паркираат електро автомоbилите на улица, поделаку од објектите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.