Актерката и пејачка Џенифер Лопез ја дочека Новата година во Аспен, Колорадо со своите најблиски. Таа сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече онаа во мини бикини.Имено, Лопез позирала во црно минијатурно бикини кое го искомбинирала со крзнени чизми и каубојска капа, а носела и ланче во форма на срце.„Ќе се вратиме во Аспен“, напиша кратко таа заедно со фотографиите од одморот. На фановите не им требаше многу време да ја опсипат со разни комплименти.„Но, оваа фотографија со бикини, убава“, „Аспен штотуку поскапе“, „Колку е убава“, „Мило ми е што гледам колку е позитивна“, „Се надевам дека уживаше во семејните моменти“, беа дел од коментар на Инстаграм.Инаку, Лопез беше во Аспен со 16-годишните близнаци Макс и Ема, мајката Гвадалупе, сестрата Линда, менаџерот Бени Медина.
Пронајдете не на следниве мрежи: