На премиерата на нејзиниот нов филм “Хастлерс“ на Филмскиот фестивал во Торонто познатата американска актерка, поп-пејачка и танчерка, Џенифер Лопез буквално блескаше.Сепак, една сцена во киносалата ги шокираше нејзините фанови. Додека таа со колегите стоеше на балконот и и мавташе на публиката во еден момент ја загуби рамнотежата и за малку ќе паднеше.
За среќа, брзо се стабилизираше со што несреќата беше избегната.


