Џенифер Лопез и Ема: Мама во фустан кој пука од женственост, а ќерката во одело со линии

Џенифер Лопез и нејзината 17-годишна ќерка Ема беа гости на премиерата на претставата Отело на Бродвеј во Њујорк. Мајката и ќерката заедно позираа на црвениот тепих, а Џеј Ло блесна во дводелна креација која максимално ја истакна нејзината фигура на песочен часовник.
Лопез изгледаше спектакуларно во црн фустан составен од кроп топ со долги ракави и висока јака и грб со копчиња. Тесниот горен дел е богато украсен со блескави штрасови и открива гол грб и дел од стомакот.

Атрактивниот кроп топ е придружуван од долго здолниште со висок струк, со крој во сирена, исто така богато украсено на грбот. Креацијата е долга и додава дополнителна доза на драма, а Џенифер носеше црни чевли со дебела платформа.
За премиерата на претставата Отело на Бродвеј, Ема носеше сив костим со тенки бели риги.

Пронајдете не на следниве мрежи: